Одржување со помош на компјутер
Xperia™ Companion
Xperia™ Companion е софтверска услуга што содржи колекција на алатки и апликации што може
да ги користите кога го поврзувате уредот со компјутер. Со Xperia™ Companion, може да:
41
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
•
Го ажурирате или поправите софтверот на уредот.
•
Пренесувате содржина од стариот уред користејќи Xperia™ Transfer.
•
Правите резервна копија и обнова на содржина во компјутерот.
•
Синхронизирате мултимедијална содржина – фотографии, видеа, музика и листи со песни –
помеѓу уредот и компјутерот.
•
Пребарувате датотеки на уредот.
За да користите Xperia™ Companion, потребен ви е компјутер поврзан на интернет што користи
еден од следниве оперативни системи:
•
Microsoft
®
Windows
®
7 или понова верзија
•
Mac OS
®
X 10.11 или понова верзија
Дознајте повеќе и преземете го Xperia™ Companion за Windows на
http://support.sonymobile.com/tools/xperia-companion/ или Xperia™ Companion за Mac на
http://support.sonymobile.com/tools/xperia-companion-mac/.
Управување со датотеките со помош на компјутер
Поврзете го уредот со компјутер на Windows
®
со помош на USB Type-C™ кабел за пренесување и
управување со своите датотеки.
Штом ќе се поврзат двата уреда, може да одберете дали сакате да го полните уредот, да
пренесувате датотеки, да го користите како извор за напојување или за MIDI-внесување.
Компјутерот ќе го открие уредот кога ќе го изберете режимот за поврзување за Пренос на
датотеки. Стандардниот режим за поврзување е поставен како Полнење на уредов.
Со Xperia™ Companion, може да пристапувате до системот на датотеки на уредот. Ако немате
инсталирано Xperia™ Companion, треба да го направите тоа кога ќе го поврзете уредот со
компјутерот.
Секогаш користете USB кабел наменет за специфичниот модел на Xperia™ и
проверувајте дали е целосно сув.
Режим на поврзување за USB
Може да го користите режимот за поврзување Пренос на датотеки за управување со
датотеките и за ажурирање на софтверот од уредот. Овој USB режим се користи со компјутерите
на Microsoft
®
Windows
®
. Полнењето е вклучено стандардно.
Уредот може да го користите и како Напојување и да го полните другиот поврзан уред.
Проверете дали другиот уред поддржува USB полнење.
Со користење на режимот Користете го уредот како MIDI, вашиот уред може да
функционира како MIDI-влез за апликациите за музички инструменти.
Менување на режимот за USB конекција
1
Поврзете USB Type-C™ приклучок со уредот.
2
Повлечете ја лентата за статус надолу и допрете Полнење на уредов.
3
Допрете Пренос на датотеки, Напојување или Користете го уредот како
MIDI за да го вклучите посакуваниот режим.
42
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.