Sony Xperia X Compact - Полнење на уредот

background image

Полнење на уредот

Секогаш користете оригинален полнач на Sony и USB Type-C™ кабел наменет за
специфичниот модел на Xperia™. Другите полначи и кабли можат да го зголемат времето
на полнење, воопшто да не полнат, па дури и можат да го оштетат уредот. Проверете
дали сите USB порти и приклучоци се целосно суви пред да го вметнете USB Type-C™
кабелот.

Уредот ќе се наполни побрзо ако го полните преку штекер отколку преку компјутер. Уредот може
да го користите додека се полни.
Ако батеријата е потрошена, може да поминат најмногу 30 минути додека уредот не почне да
реагира на полнењето. Во текот на овој период, екранот може да биде целосно темен без да ја
покажува иконата за полнење. Може да бидат потребни и до 4 часа целосно испразнетата
батерија да се наполни целосно.

Вашиот уред има вградена батерија што се полни и што може да ја замени само овластен
центар за поправки на Sony. Никогаш не обидувајте се самите да го отворите или
расклопите уредот. Доколку го направите тоа, може да дојде до оштетување и
поништување на гаранцијата.

Полнење на уредот

1

Приклучете го полначот во штекер.

2

Приклучете го едниот крај од USB Type-C™ кабелот во полначот (или во USB портата на
компјутерот).

3

Приклучете го другиот крај на кабелот во USB Type-C™ портата на уредот. Светлото за
известување ќе светне штом полнењето започне.

4

Кога уредот е целосно наполнет, исклучете го кабелот од уредот повлекувајќи го нанадвор.
Внимавајте приклучокот да не се свитка.

Важно е да го користите кабелот USB Type-C™ (што ви е даден) при полнење на уредот
бидејќи другите типови USB кабли може да го оштетат уредот.

Доколку батеријата е целосно потрошена, може да поминат неколку минути пред да
светне светлото за известување и да се осветли иконата за полнење.

37

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Статус на светлото за известување за батеријата

Зелено

Батеријата се полни и нивото на полнење на батеријата е поголемо од 90%

Портокалово

Батеријата се полни и нивото на полнење на батеријата е помало од 90%

Црвено

Батеријата се полни и нивото на полнење на батеријата е помало од 15%