Sony Xperia X Compact - Заштита на уредот

background image

Заштита на уредот

Вашиот уред вклучува неколку безбедносни опции што се препорачуваат во случај на губење или
кражба.
Тоа се следниве опции:

Поставете безбедно заклучување на екранот од вашиот уред со помош на PIN, лозинка или шема
за да спречите пристап или ресетирање на уредот.

Додајте сметка на Google™ за да спречите користење на уредот ако е украден или избришан.

Активирајте ја или веб-услугата „Заштита со my Xperia“ или Управувач со уреди на Android™.
Користејќи една од овие услуги, може оддалеку да го лоцирате, заклучите или избришете
загубениот уред.

Потврдување на сопственоста на уредот

Одредени заштитни функции бараат или да го отклучите екранот со PIN-код, лозинка или шема,
или да внесете информации за вашата сметка на Google™. Подолу ќе најдете примери за
заштитни функции и некои од потребните акредитиви:

Заштита со
ресетирање на
фабричките
податоци

Мора да го отклучите екранот пред да може да извршите ресетирање на
фабричките податоци.

Заштита со my
Xperia

Ако далечински го ресетирате уредот со помош на оваа услуга, мора да
внесете корисничко име и лозинка за сметката на Google™ поврзана со
услугата. Уредот мора да биде поврзан со интернет пред да заврши процесот
на поставување. Во спротивно, нема да може да го користите уредот по
ресетирањето.

Android™ Device
Manager

Ако далечински го ресетирате уредот со помош на оваа услуга, мора да
внесете корисничко име и лозинка за сметката на Google™. Уредот мора да
биде поврзан со интернет пред да заврши процесот на поставување. Во
спротивно, нема да може да го користите уредот по ресетирањето.

Поправка на
софтверот

Доколку го користите софтверот Xperia™ Companion за да извршите поправка
на софтверот, ќе треба да ги внесете корисничкото име и лозинката од
сметката на Google™ кога ќе го вклучите уредот по завршувањето на
поправката.

За Android™ Device Manager, потребно е да внесете информации од сметката на
Google™. Тоа може да биде која било сметка на Google™ што сте ја поставиле на уредот
како корисник. Ако не може да ги обезбедите релевантните информации за сметката во
текот на процесот за поставување, воопшто нема да може да го користите уредот.