Sony Xperia X Compact - Составување

background image

Составување

Уредот поддржува само нано SIM-картички. Нано SIM-картичката и мемориската картичка имаат
одделни отвори во истиот држач. Внимавајте да не ги помешате.

За да не ги изгубите податоците, исклучете го уредот или отстранете ја мемориската
картичка пред да го извлечете држачот за да ја извадите нано SIM-картичката или
мемориската картичка од уредот.

Вметнување нано SIM-картичка и мемориска картичка.

8

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

1

Извлечете го држачот за SIM/мемориска картичка со помош на нокотот од прстот.

2

Цврсто поставете ја SIM-картичката во точната ориентација во местоположба (1), како што
е покажано на илустрацијата.

3

Цврсто поставете ја мемориската картичка во точната ориентација во местоположба (2),
како што е покажано на илустрацијата.

4

Нежно турнете го држачот кон отворот додека не се намести.

Отстранување на нано SIM-картичката

1

Отворете го капакот за отворот на нано SIM/мемориската картичка со екранот свртен
надолу.

2

Користејќи го нокотот, извлечете го држачот за нано SIM/мемориска картичка.

3

Отстранете ја нано SIM-картичката, па нежно турнете го држачот кон отворот додека не се
намести.

Отстранување на мемориската картичка

1

Или исклучете го уредот, или отстранете ја мемориската картичка под Поставки >
Склад и меморија > > Напредно > Зачувување > покрај SD-картичка.

2

Отворете го капакот за отворот на нано SIM/мемориската картичка со екранот свртен
надолу.

3

Користејќи го нокотот, извлечете го држачот на нано SIM/мемориската картичка.

4

Отстранете ја мемориската картичка, а потоа нежно турнете го држачот кон отворот додека
не се намести.