Пренесување контакти
Има неколку начини на пренесување контакти во новиот уред. Може да синхронизирате контакти
од сметка на интернет или да ги увезете директно од друг уред.
Пренесување контакти користејќи електронска сметка
Доколку ги синхронизирате контактите на стариот уред или компјутерот со електронска сметка, на
пример, Google Sync™ или Microsoft
®
Exchange ActiveSync
®
, може да ги пренесете контактите во
новиот уред користејќи ја таа сметка.
Синхронизирање контакти на новиот уред користејќи сметка за синхронизација
1
Од својот Почетен екран, допрете , а потоа допрете .
2
Допрете , па допрете Управувај со сметки.
3
Одберете ја сметката со којашто сакате да ги синхронизирате своите контакти, потоа
допрете > Синхронизирај веднаш.
Треба да сте пријавени на соодветната сметка за синхронизација за да може да ги
синхронизирате контактите со неа.
Други методи за пренос на контакти
Има неколку други начини за пренос на контакти од стариот уред на новиот. На пример, може да
ги копирате контактите во мемориска картичка, да користите технологија Bluetooth
®
или да ги
зачувате во SIM-картичка. За поточни информации за пренос на контакти од стариот уред, видете
во соодветното упатство за корисници.
Увезување контакти од мемориска картичка
1
Од својот Почетен екран, допрете , а потоа допрете .
2
Притиснете , потоа допрете Увоз/извоз > Увезување од SD-картичка или
внатрешна меморија (датотека .vcf).
3
Одберете го местото за зачувување на контактите.
4
Допрете SD-картичка.
5
Одберете ги датотеките што сакате да ги увезете така што ќе ги допрете.
Увезување контакти со користење Bluetooth
®
технологија
1
Проверете дали ви е вклучена функцијата Bluetooth
®
и дали уредот е видлив.
2
Кога сте известени за дојдовна датотека до уредот, повлечете ја лентата за статус надолу
и допрете го известувањето за да го прифатите преносот на датотеката.
3
Допрете Прифати за да започне преносот на датотеката.
4
Повлечете ја лентата за статус надолу. Кога преносот ќе заврши, допрете го
известувањето.
5
Допрете ја примената датотека и одберете го местото за зачувување на контактите.
Увезување контакти од SIM-картичка
При пренесувањето контакти на или од SIM-картичка, некои од нив може да се удвојат на
дестинацијата. За информации околу начинот на разрешување на ова, погледнете
Избегнување двојни записи во апликацијата Контакти на страницата 84.
1
Од својот Почетен екран, допрете , а потоа допрете .
2
Допрете , потоа допрете Увоз/извоз > Увези од SIM-картичка.
3
Одберете го местото за зачувување на контактите.
4
Одберете контакти за увезување. За да увезете еден контакт, најдете го контактот и
допрете го. За да ги увезете сите контакти, допрете , а потоа допрете Увези ги сите.
82
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.