Sony Xperia X Compact - Подобрување на излезниот звук

background image

Подобрување на излезниот звук

Може да му го подобрите звукот на уредот со рачно вклучување на одделните поставки за звукот,
како што се еквилајзер и опкружувачки звук. Може да го вклучите динамичкиот нормализатор за да
ги минимизирате разликите во јачината на звукот помеѓу песните или видеата. Може и да му го
подобрите квалитетот на компримираните музички датотеки за да слушате квалитетно аудио со
висока резолуција при користење поврзани слушалки.

Автоматско подобрување на излезниот звук

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Звук > Аудио поставки.

3

Допрете го лизгачот за да ја вклучите функцијата ClearAudio+.

Рачно прилагодување на поставките за звукот

1

Од почетниот екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Звук > Аудио поставки.

3

Ако е вклучена функцијата ClearAudio+, допрете го лизгачот за да ја исклучите.

4

Допрете Звучни ефекти > Еквилајзер.

5

Прилагодете ги поставките за звукот со влечење на копчињата за фреквентниот опсег
нагоре или надолу.

Рачното прилагодување на поставките на излезниот звук не влијае врз апликациите за
гласовна комуникација. На пример, нема промена во квалитетот на звукот на гласовниот
повик.

Минимизирање на разликите во јачината на звукот со помош на динамичното
балансирање

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Звук > Аудио поставки.

3

Допрете го лизгачот за да ја исклучите функцијата DSEE HX ако е вклучена.

4

Допрете го лизгачот за да ја вклучите функцијата Динамично балансирање.

Надградба на квалитетот на компримираните музички датотеки

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Звук > Аудио поставки.

3

Допрете го лизгачот за да ја вклучите функцијата DSEE HX.

Оваа поставка е достапна само за поврзани слушалки што поддржуваат аудио со висока
резолуција.