Повикување
Повикување
Преглед на повикувањето
Можете да упатите повик со рачно бирање на телефонскиот број, со допирање на бројот зачуван
во листата со контакти или со допирање на телефонскиот број во дневникот на повици. Може да ја
користите и функцијата за паметно бирање за брзо наоѓање броеви од листата со контакти и
дневникот на повици со внесување дел од бројот или името на контактот и со избирање од
дадените предлози. За да упатите видеоповик, може да ја користите апликацијата за инстант
пораки и видеочет Hangouts™ на својот уред.
1
Видете повеќе опции
2
Бришење број
3
Тастатура
4
Копче за повикување
Отворање на тастатурата
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете .
3
Доколку тастатурата не се појави, допрете .
Бирање телефонски број
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете .
3
Ако се појави дневникот на повици, допрете за да се прикаже тастатурата.
4
Внесете го телефонскиот бројот и допрете .
За да избришете број внесен по грешка, допрете
.
Остварување повик со паметно бирање
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете .
3
Ако се појави дневникот на повици, допрете за да се прикаже тастатурата.
4
Користете ја тастатурата за да внесете букви или бројки коишто одговараат на контактот
којшто сакате да го повикате. Како што ги внесувате буквите или бројките, се појавува
листа на можни совпаѓања.
5
Допрете го контактот што сакате да го повикате.
72
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Остварување меѓународен повик
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете . Ќе се прикаже дневникот на повици.
3
Допрете за да се прикаже тастатурата.
4
Допрете и држете 0 додека не се појави знакот „+“.
5
Внесете ги кодот на државата, кодот за областа (без почетните нули) и телефонскиот број.
Потоа допрете .
Додавање број за директно бирање на почетниот екран
1
Допрете и задржете на празната област на својот Почетен екран сè додека уредот не
почне да вибрира и не се појави менито за приспособување.
2
Во менито за приспособување, допрете Елементи > Кратенки.
3
Лизгајте низ списокот со апликации и одберете Директно бирање.
4
Одберете го контактот и бројот што сакате да го користите како број за директно бирање.
Покажување или криење на телефонскиот број
Можете да одберете вашиот телефонскиот број да се покажува или да биде скриен на уредите на
примачите на повик кога ги повикувате.
Покажување или криење на телефонскиот број за време на појдовните повици
1
Од вашиот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки > Повици > Дополнителни поставки >
Идентитет на повикувач и одберете опција.
Оваа опција може да не ја нуди секој оператор.