Sony Xperia X Compact - Примање повици

background image

Примање повици

Доколку добиете повик додека уредот е во „sleep“ режим на работа, или екранот е заклучен,
апликацијата за телефон се отвора преку целиот екран. Доколку добиете повик додека екранот е
активен, повикот ќе се прикаже како предупредувачко известување, односно во минимизиран
прозорец кој лебди на горниот дел од кој било отворен екран. Кога ќе добиете такво известување,
може да изберете да одговорите на повикот и да ја отворите апликацијата за телефон, или пак да
го одбиете повикот и да останете на тековниот екран.

Одговарање на повик кога екранот не е активен

Кога ќе пристигне повикот, повлечете го надесно.

Одговарање на дојдовен повик кога екранот е активен

Кога ќе добиете повик, во известувањето што ќе се појави во горниот дел од екранот,
допрете ОДГОВОР.

Наместо да одговорите на повикот, може да појдете до главниот екран на телефонската
апликација со допирање на прозорецот за известување. На овој начин имате повеќе
опции за управување со повикот. На пример, може да одлучите да го одбиете повикот со
порака.

Одбивање дојдовен повик кога екранот е неактивен

Кога ќе пристигне повикот, повлечете го налево.

Одбивање повик кога екранот е активен

Кога ќе добиете повик, во известувањето што ќе се појави во горниот дел од екранот,
допрете Отфрли.

Наместо да го одбиете повикот, може да појдете во главниот екран на телефонската
апликација со допирање на горниот дел од прозорецот на известувањето. На овој начин
имате повеќе опции за управување со повикот. На пример, може да одлучите да го
одбиете повикот со порака .

73

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

За да се исклучи звукот на тонот на ѕвонење за дојдовен повик

Кога примате повик притиснете го копчето за јачина на звукот.

Одбивање повик со текстуална порака

Може да одбиете повик со текстуална порака што автоматски му се испраќа на повикувачот и се
зачувува во разговорот со пораки за контактот.
Може да одберете од однапред дефинираните пораки достапни на уредот или да креирате нова
порака. Може и да креирате свои персонализирани пораки со уредување на однапред
дефинираните.

Одбивање повик со текстуална порака кога екранот не е активен

1

Кога ќе пристигне дојдовниот повик, допрете ОПЦИИ ЗА ОДГОВОР.

2

Изберете претходно дефинирана порака или допрете Напиши нова порака.

Одбивање повик со текстуална порака кога екранот е активен

1

Кога ќе добиете дојдовен повик, допрете го прозорецот за известување каде што се
прикажува телефонскиот број или името на контактот.

2

Допрете ОПЦИИ ЗА ОДГОВОР.

3

Изберете претходно дефинирана порака или допрете Напиши нова порака.

Одбивање втор повик со текстуална порака

1

Кога ќе слушнете повторливи бипови во текот на повикот, допрете ОПЦИИ ЗА
ОДГОВОР
.

2

Изберете претходно дефинирана порака или допрете Напиши нова порака.

Уредување на текстуалната порака за одбивање повик

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Повици > Одбиј повик со порака.

3

Допрете ја пораката што сакате да ја користите и уредете ја по желба.

4

Допрете OK.