Поврзување на уредот со USB додатоци
Може да користите адаптер за USB Type-C™-домаќин за да го поврзете вашиот уред со USB
додатоци, како што се USB уредите за масовно зачувување, контролерите за игри, USB
тастатурите и USB глувчињата. Доколку USB додатокот има USB Type-C приклучок, не е потребен
адаптер за USB Type-C-домаќин.
Адаптерите за USB Type-C-домаќин се продаваат одделно. Sony не гарантира дека вашиот уред
ги поддржува сите USB додатоци.
Овој уред има порта за USB Type-C без капак. Ако уредот е изложен на вода, погрижете
се портата да биде целосно сува пред да го поврзете USB Type-C кабелот.
Поврзување на уредот со безжичен контролер
DUALSHOCK™ 4
Со помош на безжичниот контролер DUALSHOCK™ 4, може да играте игри складирани во уредот
на Xperia или на конзолата за игри со користење на далечинско играње.