Sony Xperia X Compact - Преглед на апликациите

background image

Преглед на апликациите

Некои апликации може да не се вклучени во уредот или може да не се поддржани од сите
мрежи или обезбедувачи на услуги во сите области.

Користете ја апликацијата Албум за управување, прегледување и уредување на
фотографиите и видеата.

Пребарувајте и купувајте илјадници производи од вашиот уред.

Заштитете го уредот од вируси, злонамерен софтвер, шпионски софтвер, обиди за
кражба на идентитетот и злоупотреба на интернет.

Користете ја апликацијата Калкулатор за изведување основни пресметки.

Користете ја апликацијата Календар за да ги следите настаните и да управувате со
состаноците.

Користете ја камерата за да фотографирате и да снимате видео клипови.

Користете го веб-пребарувачот Chrome за навигација и прегледување на веб-страниците
и за управување со обележувачите, текстот и сликите.

Користете ја апликацијата Часовник за да поставите разни аларми и тајмери.

Користете ја апликацијата Контакти за да управувате со телефонските броеви, адресите
за е-пошта и другите информации за контактите.

Создавајте, уредувајте и соработувајте на документи со другите.

Пристапувајте до преземените апликации, документи и слики.

Зачувајте ги документите и датотеките за лесен пристап од кој било уред, споделувајте ги
со пријателите и соработувајте со колегите.

Користете ја апликацијата Е-пошта за да испраќате и примате е-пошта на личните и
службените сметки.

Користете ја апликацијата Facebook™ за поврзување на социјалните мрежи со
пријателите, семејството и колегите ширум светот.

Пребарувајте и слушајте FM радиостаници.

Користете ја апликацијата Gmail™ за да читате, пишувате и организирате пораки по е-
пошта.

Пребарувајте информации во уредот и на веб.

Користете ја апликацијата Hangouts™ за да разговарате со пријателите на интернет.

Користете ја апликацијата Lifelog за автоматско евидентирање настани за вашиот
секојдневен живот. На пример, може да поставите цели и да го следите својот напредок
во нивното постигнување или да обележувате посебни моменти.

Уживајте во музиката, филмовите, апликациите и игрите на вашиот уред и добијте
ексклузивен пристап до уникатна содржина достапна само на уредите на Xperia™.

Прегледајте ја тековната локација, пронајдете други локации и планирајте маршрути со
помош на Google Maps™.

35

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Користете ја апликацијата Пораки за да испраќате и примате текстуални и
мултимедијални пораки.

Xperia™ Movie Creator автоматски креира кратки видеоколажи со помош на постојната
колекција на фотографии и видеа.

Користете ја апликацијата Music за да организирате и репродуцирате музика и
аудиокниги.

Гледајте вести од News Suite.

Остварувајте повици со рачно бирање на бројот или со помош на функцијата за паметно
бирање.

Организирајте, пребарувајте и прегледувајте ги сите ваши фотографии и видеа.

Користете ја апликацијата Филмови и ТВ-емисии од Google Play за да гледате филмови и
ТВ-емисии купени или изнајмени од Google Play.

Откривајте и репродуцирајте илјадници песни со апликацијата Music од Google Play.

Користете ја апликацијата Play Store™ за да пронајдете апликации за купување или за
бесплатно преземање.

Поврзете се со пријателите за играње игри и со игрите што сакате да ги играте, купувајте
од PlayStation®Store и друго.

Оптимизирајте ги поставките според сопствените потреби.

Создавајте, уредувајте и соработувајте на табеларни пресметки со другите.

Користете ја апликацијата Скица за да креирате и истражувате слики, а потоа споделете
ги со пријателите.

Создавајте, уредувајте и соработувајте на презентации со другите.

Стримувајте музика, пребарувајте преку колекциите на пријателите или преку
дискографиите на изведувачи, или создајте сопствена радиостаница.

Користете ја апликацијата Поддршка за да пристапите до поддршката за корисници во
уредот. На пример, може да пристапите до упатството за корисникот, информациите за
решавање проблеми, како и до советите и триковите.

Користете ја апликацијата Видео за да репродуцирате видеа на уредот и да споделувате
содржина со пријателите.

Пребарувајте содржини на веб со помош на вашиот глас.

Користете ја апликацијата Време за да ја гледате временската прогноза.

Користете ја апликацијата Што е ново за да откривате нови игри, апликации и медиумска
содржина.

Користете го YouTube™ за да гледате видеа од корисниците ширум светот и да ги
споделувате своите.

36

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.